50-годишниот јубилеј од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна црква
На 11.06.2017 година, По повод 50-годишниот јубилеј од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна црква, како и по повод 10-годишнината од осветувањето на возобновената манастирска црква „Свети Атанасиј Велики“, во Лешочкиот манастир беше отслужена Света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше Неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф и надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, и свештенослужители од повеќе епархии на МПЦ-ОА. По литургијата беше отслижена трисагија во чест и помен на упокоените Валаамските монаси, како и во чест и помен на 172 години од упокојувањето на игуменот Кирил Пејчиновиќ-Тетоец, и четири години од упокојувањето на Митрополитот Полошко-кумановски Кирил. На литургијата пееше женскиот хор „Менада“ од Тетово под раководство на маестро Ивица Зориќ.